Одржана работна средба на MacBee во Куклиш

Тестниот пчеларник на членот на MacBee Ефтим Лапевски во Куклиш, беше локацијата на која на 8.04.2023 година се одржа работна средба на здружението. На состанокот беа утврдени членовите на повеќе работни групи и комисии во рамки на здружението и се дискутираа повеќе точки поврзани со Програмата за работа на MacBee за 2023 година. По завршување на дискусијата, домаќинот на средбата, Ефтим Лапевски, пред колегите го претстави својот начин на пчеларење и начинот на изработување на сандаците за пчели.