MacBee со учество на 16-тиот Меѓународен саем на мед и пчеларска опрема во Вишеград

По покана на претседателот на пчеларското здружение „ВИШЕГРАД“ од Вишеград, г-дин Александар Масал, од 30 до 31 август 2024 година дел од членовите на MacBee зедoa активно учество на 16-тиот „Меѓународен саем на мед и пчеларска опрема – Вишеград“.  На изложбениот штанд на манифестацијата, членовите на MacBee ги запознаа пчеларите и посетителите на саемот со работата на MacBee и им понудија да вкусат различни видови на мед од поднебјето на Македонија. Штандот на MacBee беше посетен и од министерот за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, г-дин Сташа Кошарац и градоначалникот на Вишеград г-дин Младен Ѓуревиќ кои беа воодушевени од организираноста на MacBee, но и од вкусовите на македонскиот мед кој имаа прилика да го дегустираат. Членовите на MacBee остварија средба и со двајцата официјални предавачи на настанот, советници од пчеларскиот сојуз на Словенија, г-дин Владо Аугуштин и г-дин Душан Милинкович при што беа разгледани повеке аспекти на можна соработка помеѓу MacBee  и Пчеларскиот сојуз од Словенија.