Со особена чест, здружението „Македонска пчела“ (MacBee), Ве кани на јубилејното, Х издание на настанот „Пчеларски ден-знаење и дружење“. Настанот ќе се одржи на 14 декември 2025 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје со почеток во 10:00 часот. Како и досега, настанот предвидува интересна програма каде се презентираат најновите научни достигнувања од областа на пчеларството. Претседателот на здружението, Игор Илков ќе ги презентира активностите на здружението изминатиов период, а премиерно ќе биде и презентирано најновото видео посветено на македонската автохтона медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) во насока на кампањата „Одгледувам македоника, одгледувам наше“. Проф. д-р Александар Узунов од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје и Македонската академија на науките и уметностите, ќе ги претстави најновите научни сознанија за биологијата и контролата на ектопаразитот Tropilaelaps кај медоносните пчели. Проф. д-р Златко Пушкадија од Факултетот за агробиотехнички науки од Осиек, Хрватска, и долгогодишен професионален пчелар, ќе презентира на тема посветена на предизвиците при производство на останати пчелни производи.
Настанот е поддржан од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Македонија, Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, Лабораторијата за биологија и селекција на медоносни пчели при ФЗНХ Скопје, хотел Премиер, Аквабар и Слоу Фуд Македонија.
Повеќе информации за начинот на регистрација на учество, за програмата и останати детали, ќе најдете на официјалниот флаер на настанот (клик).