[:mk]
Од 8 – 12 јули 2017 год. во Пулави, Полска, во организација на Институтот за пчеларство од Кирхајн, Германија, а во соработка со Институтот за хортикултурни истражувања – оддел за пчеларство од Пулави се одржа обука за инструментално осеменување на матици за земјите учеснички во проектот SMARTBEES. Од ЗГ „Македонска пчела – MacBee“ на обуката присуствуваше нашиот член Мирољуб Голубовски, со основна цел оваа техника да се воведе во нашите одгледувачки активности и да се остварува побрз генетски напредок кај македонската автохтона медоносна пчела.
![Image3](http://www.macbee.mk/wp-content/uploads/2017/07/Image3.jpg)
![Image4](http://www.macbee.mk/wp-content/uploads/2017/07/Image4.jpg)
(Подготвил: Борче Павлов)
[:]