MacBee промовираше видео за македонската автохтона медоносна пчела

Здружението „Македонска пчела“-Негорци (MacBee) објави видео посветено на македонската автохтона медоносна пчела (Apis mellifera macedonica). Видеото има за цел подигање на јавната свест за значењето, одгледувањето и унапредувањето на овој подвид на медоносни пчели и се надоврзува на кампањата „Одгледувам македоника, одгледувам наше“ која MacBee ја стартуваше пред неколку години. Видеото премиерно беше прикажано на 14 декември 2025 пред учесниците на X-то издание на настанот „Пчеларски ден-знаење и дружење“.

Видеото беше изработено со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија преку Јавен повик за поддршка на промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на локални манифестации и саеми. Поддршка со своите капацитети дадоа и Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје преку Лабораторијата за биологија и селекција на медоносните пчели и пчеларската компанија „Голд Брикс“ од Скопје.

Видеото можете да го погледнете подолу: