Реализирана работна средба на MacBee во Скопје

На 15 Октомври 2023 година, во Скопје беше реализирана есенската работна средба на MacBee. Во рамки на состанокот беа дискутирани повеќе активности предвидени со Програмата за работа за 2023 година. Беа утврдени деталите околу организацијата на настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење“, се разговараше за текот на новиот циклус на перформанс тестирање, а членот на здружението, проф. д-р Александар Узунов накратко пренесе дел од пчеларските искуства и импресии од неговиот неколкумесечен престој во Кина.