MacBee го најавува VIII-то издание на настанот Пчеларски ден – знаење и дружење

MacBee со големо задоволство го најавува новото, осмо издание на традиционалниот настан „Пчеларски ден- знаење и дружење“. Информативно-едукативниот настан, на кој редовно гостуваат врвни домашни и странски експерти и научни работници од областа на пчеларството, ќе се одржи на 10 Декември 2023 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Главен гостин на настанот ќе биде проф. д-р Чао Чен од Институтот за пчеларство и истражување при Кинеската академија за земјоделски науки во Пекинг, кој пред македонските пчелари ќе сподели искуства од пчеларството во Кина, ставајќи акцент на производството на матичен млеч. Покрај презентацијата на главниот гостин, Програмата на настанот вклучува и повеќе презентации од информативна и едукативна содржина. Затоа засега забележето го датумот во Вашите календари, а сите детали и дополнителни информации ќе бидат објавени наскоро.