Активностите на MacBee презентирани во радио емисијата „Градината на Филип“

Во 9-то издание на радио емисијата „Градината на Филип“ емитувана на Радио Пела од Прилеп, а целосно посветена на пчелите и пчеларството, гостуваше прeтседателот на MacBee, дипл. зем. инж. Горан Алексовски. Алексовски директно од својата пчеларска работилница зборуваше за активностите кои ги реализира здружението, за карактеристиките, етологијата и значењето на автохтоната македонска медоносна пчела и за кампањата „Одгледувам македоника, одгледувам наше!“ која здружението MacBee ја спроведува. Се осврна и на актуелните состојби во македонското пчеларство, а даде и повеќе насоки како да се започне со одгледување на медоносни пчели.

Емисијата можете да ја проследите подолу (гостувањето на Алексовски е по 25 минута од видеото).