Во Малта реализиран вториот семинар на националните координатори на SMARTBEES

[:mk]

Во рaмките на проектот SMARTBEES, во организација на Институтот за пчеларство од Кирхајн, Германија, од 9-ти до 10-ти Ноември 2016 година, во Малта, беше организиран втор семинар за националните координатори на тема: „Оцена на одгледувачките вредности и селекција на медоносни пчели“.

Семинарот беше организиран и координиран од раководителот на компонентата доц. д-р Александар Узунов, кој воедно имаше воведно предавање за напредокот во прибирање на податоци, како и завршни заклучоци и препораки.

Учество на семинарот, со свои презентации за спроведените активности во тек на 2016 година, зедоа 23 учесници од 17 држави од Европа кои активно партиципираат во активностите на проектот SMARTBEES.

Македонија, преку здружението MacBee, е активен учесник во проектот и беше претставувана од членовите на MacBee Борче Павлов и Мирољуб Голубовски.

Како дел од поканетите експерти, своја презентација на тема: „Валидација на податоци за основни статистички анализи“ имаше и проф. д-р Сретен Андонов, од Институтот за Анимална биотехнологија при Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

Посебно внимание и беше посветено и на автохтоната популација на медоносни пчели Apis mellifera ruttneri, чиј што опстанок е загрозен. По тој повод, на средбата со министерот за одржлив развој, животна средина и климатски промени на Малта, тимот на SMARTBEES составен од д-р Ралф Бихлер (Институт за пчеларство во Кирхајн, Германија), д-р Пер Кригер (Универзитет во Архус, Данска) и доц. д-р Александар Узунов (Институт за пчеларство во Кирхајн, Германија), даде конкретни препораки како ефикасно да се заштити популацијата на Apis mellifera ruttneri.

Беше организирана и посета на пчеларник со пчели од Автохтоната  медоносна пчела на Малта.

Семинарот беше спроведен во соработка со Здружението на пчелари на Малта.

Галерија:

[Best_Wordpress_Gallery id=”8″ gal_title=”Малта – втор семинар на SMARTBEES”]

[:]