Гостувања на членови на MacBee во емисијата Бразди

Членовите на MacBee, дипл. зем. инж. Горан Алексовски и дипл. ек. Ѓорѓи Андонов, во интервјуа во емисијата Бразди зборуваа за важноста и потребата од зачувување и одгледување на автохтоната македонска медоносна пчела, состојбата со увозот на матици од неавтохтони и комерцијални подвидови на пчели и ризиците со кои пчеларите би се соочиле доколку набават такви матици, но и за други теми поврзани со пчеларството. На темата поврзана со нелегалниот увоз на пчелни матици од други подвидови, свое видување на ситуацијата изрази и директорот на АХВ, Николче Бабовски, кој изјави кои механизми ги користи Агенцијата за Храна и ветеринарство со цел да се превенира и елиминира оваа појава. Нивните интервјуа можете да ги погледнете подолу:

https://www.youtube.com/watch?v=DOr74m7wcQk

https://www.youtube.com/watch?v=KTXqZRmFkyo