Едукативни презентации на членови на MacBee во ПЗ „Матица“ Скопје

[:mk]

На 11.12.2014 година во Скопје, во присуство на голем број пчелари, членовите на MacBee, Иван Додевски и Горан Алексовски, одржаа едукативни презентации за членовите на ПЗ „Матица“ Скопје. Иван Додевски го презентираше методот на зимска прихрана на пчелите со рамка со мед како правилен и здрав начин во споредба со се почесто практикуваната прихрана со шеќерно-медна погача. Горан Алексовски преку презентациска репортажа од студиското патување на здружението MacBee, ги запозна колегите од ПЗ „Матица“ Скопје, со состојбата со пчеларството во Словенија и Германија, методите на работа на тамошните пчелари и пчеларски институти и новите искуства со кои се сретнаа членовите на MacBee во текот на екскурзијата. И двете презентации наидоа на позитивни критики и коментари од посетителите, кои изразија желба ваквите квалитетни предавања да се честа практика во нивното здружение.

[:]