Електронските СМС ваги распределени на тест пчеларниците на MacBee

[:mk]

Управниот одбор, на состанокот одржан на 09.02.2014 година во Кавадарци, донесе одлука електронските СМС ваги набавени преку заедничката соработка на MacBee и Владата на РМ, односно Министерството за економија како поддршка на кластерските здруженија, да бидат лоцирани на 8 тест пчеларници на здружението во 8 различни региони на територијата на Република Македонија. Ваквата регионална поставеност на вагите ќе овозможи да се следат и мерат предвидените параметри на поголема површина на територијата на државава со што резултатите објавени на www.macbee.mk/meden semafor (наскоро) би биле пообемни и покорисни, како за посетителите на www.macbee.mk така и за членовите на MacBee.

[:]