Затворена е регистрацијата за настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“

MacBee ги известува сите заинтересирани, но нерегистрирани лица кои имаат намера да се регистрираат за учество на настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“, дека регистрацијата за истиот е затворена. Поради исполнетост на капацитетите и во интерес на квалитетот на настанот, а особено во интерес на оние учесници кои навремено извршиле уплата, MacBee ги известува и сите заинтересирани но нерегистрирани посетители кои ќе дојдат со намера регистрацијата да ја извршат на лице место на настанот, дека освен горенаведените технички услови, не постои ниту законска регулатива според која би им биле наплатени влезници за регистрација, па на истите нема да им биде одобрен влез на настанот.