Интервју на претседателот на MacBee за радио Би Би Си 4

[:mk]

Во статијата од најновиот број на списанието на нашинците од Северна Америка, „Маседониан Трибјун“, посветена на светски познатиот македонски мед, покрај репортажата за настаните од Салон дел Густо и Тера Мадре 2014, објавено е и интервјуто на Игор Илков, претседателот на MacBee, дадено за програмата на радиото Би Би Си 4.

Во изјавата за радиото, Илков дава опис на македонското пчеларство и актуелната состојба со медопродукцијата и останатите пчелни производи. Тој ја истакнува важноста на задачите и целите кои MacBeeкако младо здружение ги поставило пред себе со цел да ја зачува автохтоноста на домашната медоносна пчела и квалитетот на нејзините производи. Илков го истакнува традиционалниот начин на пчеларење во плетени трмки како препознатлив за ова поднебје и како еден од најдобрите начини да се добие мед во саќе со непроценлив квалитет и да се зголеми виталноста на домашниот подвид на пчели. Тој вели дека токму со мед добиен на ваков традиционален начин на пчеларење ја претставува својата држава во Торино и дека количините на ваквиот мед значително ќе се зголемат ако секое пчеларско семејство на своите пчеларници воведе барем неколку плетените трмки.

Изјавата на Илков и комплетната статија посветена на македонскиот мед, на англиски јазик можете да ги погледнете овде.

[:]