ИН МЕМОРИАМ – Проф. д-р Мирче Наумовски

[:mk]

mirce naumovski

Проф. д-р Мирче Наумовски (1951 – 2016)

Проф. д-р Мирче Наумовски е роден во Скопје во 1951 година каде што го завршил основното и средното училиште, а во 1976 година дипломирал на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Првото работно искуство го стекнува на истиот факултет (1974-1975), а подоцна се вработува при Заводот за рибарство (1976-1978). Титулата магистер по биолошки науки ја стекнува на Природно-математичкиот факултет, а на истиот факултет и докторира во 1987 година на областа рибарство.

Од 1978 година е вработен на Земјоделскиот факултет во Скопје (денешен Факултет за земјоделски науки и храна), на катедрата за сточарство, каде што напредувал во наставните звања доцент, вонреден професор и редовен професор. Во два мандата ја извршуваше функцијата раководител на институтот за анимална биотехнологија (катедра за сточарство). Најголем дел од својата научно-образовна кариера проф. Наумовски ја посветил во развивање на предметите рибарство (одгледување на рибите), зоологија, анатомија на домашните животни и пчеларство. Проф. Наумовски е автор и коавтор на повеќе од 120 научни и стручни трудови, практикуми и книги од областа на биологија, екологија и заштита на животната средина, како и одгледување на домашните животни. Негово посебно значајно дело претставува монографијата Рибите во Република Македонија од 1995. Проф. Наумовски течно се служеше со англискиот, германскиот, рускиот и албанскиот јазик, а дел од неговите дела и ги објави на истите.

За биологијата на медоносните пчели и пчеларството проф. Наумовски даде посебен придонес, пред се како наставник на предметот Пчеларство, но и ментор и коментор на бројни дипломски и магистерски трудови, како и докторски дисертации. Како автор и коавтор се јавува на повеќе од 30 научни и стручни трудови од областа на пчеларството, а посебно значајна е неговата улога како иницијатор на морфолошките истражувањa на разновидноста на медоносните пчели во Република Македонија. Како позначајни научни и стручни трудови, како и книги од оваа област би ги издвоиле:

  • Krlevska H, Cvetkovic J., Naumovski M., 1993. Kvalitet nekih tipova cvetnog i sumskog meda proizvedenog u Makedoniji. Zbornik radova medunarodnog naucnog skupa: Zastita zivotne sredine i poljoprivreda EKO93, Novi Sad,  XVI, br.6, 470-471.
  • Наумовски М., Крлевска Х. 1994. Практикум по пчеларство, ИП Жаки – Скопје, 62.
  • Наумовски М., Крлевска Х., Зиберовски Ј. 1995. Микробиолошки статус на алкохолни и водени екстракти од прополис за употреба во теравпетски цели. Македонски ветеринарен преглед, Скопје, 24, 1-2, 81-84.
  • Наумовски М., Крлевска Х. Кубитален индекс на пчелите од Македонија. I. Дебарско подрачје, Македонска земјоделска ревија, година 43, бр. 1-2, 49-52.
  • Крлевска Х., Наумовски М. 1996. Биохемиски својства и терапевтска вредност на пчелниот отров. Biohemiski svojstva i terapevtska vrednost na p~elniot otrov. Македонска земјоделска ревија, година 43, 1-2,
  • Наумовски М., Крлевска Х. 1996. Медот и неговата практична примена во домаќинството со збирка проверени рецепти. ИП Жаки – Скопје, 90.
  • Кипријановска Х., Наумовски М., Кипријановски М. 1998. Медоносните пчели (Apis mellifica Linne) како опрашувачи на овошните видови. Зборник на трудови, Средба „Факултет-Стопанство„ – 98, Скопје, XXIII, 99-105.
  • Наумовски М., Колев Г., Кипријановска Х. 2000. Кубитален индекс кај пчелите од Македонија. II. Тиквешкто подрачје и источниот регион. Македонска ѕемјоделска ревија, Скопје, 47 (1-2), 71-75.
  • Кипријановска Х., Наумовски М., 2002. Определување на квалитетот и потеклото на пчелин мед. Сточарство, Скопје, 1, 33.
  • Кипријановска Х., Наумовски М., 2002. Пчеларство, Графотисок, Скопје, 228.
  • Uzunov A., Kiprijanovska H., Andonov S., Naumovski M., Gregorc A. (2009) Morphological diversity and racial determination of the honey bee (Apis mellifera ) population in the Republic of Macedonia. Journal of Apicultural Research, 48(3), pp.196–203.

Покрај својата научна дејност Проф. Наумовски исто така беше истакнат борец за правата за заштита и благосостојба на животните, како и заштитата на биолошката разновидност во Република Македонија.

Ние, како негови студенти, соработници и колеги, проф. Наумовски ќе го паметиме како компетентен и искрен ментор, со авангарден став и слободарски дух, но пред се како пријател и личност со највисоки човечки вредности.

Со почит кон ликот и делото на проф. д-р Мирче Наумовски,

ruza

 

 

 

 

 

Проф. д-р Хрисула Кипријановска

Доц. д-р Александар Узунов

Предметни наставници по пчеларство на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје[:]