[:mk]
Малата кошничка бубачка (Aethina tumida), навлегува се подлабоко на територијата на Италија. Ситуацијата со заразата е сериозно сфатена од сите тамошни надлежни органи и деноноќно се следат сите промени поврзани со овој штетник на пчелните семејства. Овие мерки, кои ги спроведуваат италијанските пчелари и одговорни служби, се од големо значење за целиот регион. Доколку се направи и најмал пропуст и италијанските власти дозволат ширење на бубачката, тоа би било сериозен проблем за европското пчеларство. Поради географската близина и во нашата држава постои сериозна опасност од ширење на заразата.
Овде симнете ја официјалната презентација на Д-р Франко Мутинели од Националната лабораторија за пчеларство при Универзитетот во Венеција, во која Д-р Мутинели ги презентира мерките, стратегијата и насоките превземени од италијанските власти за спречување на ширење на заразата. Презентацијата е преведена на македонски јазик и објавена на нашата веб страна со дозвола од Д-р Мутинели.
[:]