„Моја земја“: Како да си ја заштитите автохтоната македонска медоносна пчела

Списанието „Моја земја“, во рубриката резервирана за пчеларството, посвети текст кој се однесува на начините и активностите за заштитата и генетско подобрување на автохтоната македонска медоносна пчела- Apis mellifera macedonica. Пренесувајќи ги изјавите на проф. д-р Александар Узунов од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје и дипл. зем. инж. Горан Алексовски, претседател на здружението MacBee, „Моја земја“ укажува на важноста на соработката помеѓу научно-истражувачките и образовни институции со пчеларите, значењето на меѓународните соработки во оваа насока, но и соработката и вклучувањето на надлежните државни институции и органи.