М-р Борче Павлов гостин во емисијата „Аграр“

Членот на MacBee, м-р Борче Павлов, гостуваше во емисијата „Аграр“ емитувана на МТВ. М-р Павлов говореше за здружението MacBee, неговите цели, активностите и реализираните проекти. Во продолжение на разговорот тој ја истакна ситуацијата со катастрофалната сезона која лани им се случи на пчеларите и потребата од итна помош во справување со последиците од истата. Она што м-р Павлов го нагласи  е потребата од диверзификација во пчеларското производство, со која би се амортизирале економските загуби на пчеларот при лоши пчеларски години.

Видеото од емисијата „Аграр“ можете да го погледнете на следниот линк.