Наскоро првите податоци за A. m. macedonica на www.beebreed.eu

[:mk]

Податоците собрани од досегашните мерења извршени во рамки на проектот SMARTBEES, наскоро ќе се најдат на веб страната на Институтот за истражување на пчелите од Хохен Нојендорф, Германија. www.beebreed.eu е он-лајн база на податоци каде можат да се погледнат карактеристиките, одгледувачките вредности и перформансите на матиците на повеќе подвидови на медоносни пчели од различни одгледувалишта. MacBee во базата на податоци на www.beebreed.eu ќе достави податоци од 4 перформанс тестирања (еден реализиран во 2015 год. и три во 2016 год.) изведени на 8 тестни пчеларници кои располагаат со 93 пчелни семејства, сите со генотипови на A. m. macedonica. Сите мерења се реализирани согласно стандардите и препораките на SMARTBEES  Протоколот за тестирање на пчелни семејства.

[:]