[:mk]
Research Network for Sustainable Bee Breeding-B2 (Истражувачка мрежа за одржливо пчеларење), на својата интернет страница ја објави веста за одржаното Научно-стручно советување за пчеларство во Република Македонија посветено на Apis mellifera macedonica, истакнувајќи ги неговиот интернационален карактер и масовната посетеност од домашни и странски гости. Со оглед на тоа што B2 групата ја сочинуваат врвни научни работници и експерти од пчеларството, ова за MacBeeпретставува особена чест, но и мотив за понатамошно успешно реализирање на своите активности.