Научно-стручно советување за пчеларство во Република Македонија-14 декември 2013, Скопје

[:mk]

Управниот Одбор на Македонското здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica), на состанокот одржан на 21.07.2013 година во Маврово, донесе одлука за Иницирање и организирање на годишно научно-стручно советување за пчеларство во Република Македонија. Советувањето е планирано да се одржи на 14 декември 2013 година во Скопје, а истото ќе се организира во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје. За таа цел формирани се Организациски одбор, Научно-стручен одбор, како и Секретеријат на советувањето, органи составени од еминентни стручњаци и научни работници од областа на пчеларството, членови на MacBee, пчелари и студенти.

Поради тоа со особена чест и задоволство Ве покануваме да бидете дел од ова научно-стручно советување за пчеларство во Република Македонија и со Вашето присуство да дадете значаен придонес кон подигнување на квалитетот на советувањето.

[:]