Најновиот труд на доц. д-р Александар Узунов објавен во последниот број на „Bee World“

[:mk]

Најновиот труд на доц. д-р Александар Узунов со наслов „The basic concept of honey bee breeding programs“ е објавен во последното издание на реномираниот пчеларски магазин „Bee World“. Освен доц. д-р Узунов, како автори на трудот се потпишуваат и д-р Ралф Бихлер од Институтот за пчеларство во Кирхајн, Германија и д-р Еверт Браскамп од Универзитетот во Вагенинген, Холандија.

Поради критериумите на „Bee World“ дел од содржината од текстот може да се прочита на следниот линк, а доколку сакате да го прочитате целиот член, следете ги упатствата за целосен пристап кон пчеларскиот магазин.

[:]