Објавена е статија за активностите и напредокот на MacBee во проектот SMARTBEES

MacBee во соработка со Институтот за пчеларство во Кирхајн, Германија, Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и Институтот за пчеларство во Хохен Нојендорф, Германија, изработи статија во која известува за активностите и напредокот во проектот SMARTBEES. Со текстот насловен „Селекција и генетско подобрување на локалната медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) на територијата на Република Македонија и учество во проектот SMARTBEES“ се информира пошироката пчеларска јавност за текот на проектот, резултатите и предизвиците при неговата реализација. Автор на текстот е координаторот на проектот за Македонија и член на MacBee, дипл. ек. Борче Павлов во соработка со д-р Александар Узунов, д-р Ралф Бихлер и проф. д-р Каспар Бинефилд.

Статијата можете да ја погледнете или превземете овде.