На 24 февруари 2019 година, во Кавадарци, беше одржано третото Изборно собрание на MacBee. На Дневен ред на Изборното собрание беа поставени точките за избор на верификациона комисија, избор на претседател на здружението, како и избор на управувачки органи на MacBee. Откако беше формирана верификационата комисија и истата ги потврди веродостојноста и исправноста на пристигнатие апликации, се премина на гласање. За претседател на MacBee беше избран Горан Алексовски, а потоа беа изгласани и членовите на Управниот и Надзорниот одбор. За членови на Управниот одбор се изгласани Цветанка Колева, Иван Додевски, Нацо Јовчевски, Филот Богатинов и Горан Алексовски. За членови на Надзорниот одбор изгласани се Ѓорѓи Андонов, Бранко Соколов и Јонче Додевски. За секретар на здружението е избран Мирољуб Голубовски. Новоизбранот претседател Горан Алексовски во свое кусо излагање им се заблагодари на членовите на MacBee за довербата која му ја дадоа, вети дека само преку напорна работа и заедничка поддршка и соработка помеѓу претседателот, органите на управување и сите членови на здружението, ќе успеат да реализираат голем дел од Програмата која тој ја претстави во својата кандидатура. На крај, Алексовски му се заблагодари на досегашниот претседател Игор Илков за неговиот осумгодишен ангажман и му честиташе за нивото, резултатите и рејтингот кои MacBee ги постигна и изгради во текот на неговото претседателствување со здружението.