Одржано Изборно собрание на MacBee

[:mk]

На 21.12.2014 година, се одржа Изборното собрание на здружението MacBee. За претседател на здружението беше реизбран досегашниот претседател Игор Илков. На демократски начин и во пријатна атмосфера, беа избрани и секретарот и управувачките органи на здружението.

Членовите на здружението му го честитаат доделениот втор мандат на претседателот Илков, како и изборот на членовите вклучени во органите на управување, со желби за успешна работа и добра меѓусебна соработка.

[:]