Одржано Научно-стручното советување за пчеларство во Република Македонија

[:mk]

На 14 декември 2013 год. на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, успешно беше одржано Научно-стручното советување за пчеларство во Република Македонија, организирано од MacBee во соработка со ФЗНХ. Во присуство на повеќе од 200 гости, воведниот говор го имаше деканот на ФЗНХ проф. д-р Драги Димитриевски, а честа да го прогласи советувањето за отворено ја имаше министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на РМ г-дин Љупчо Димовски. На советувањето со свои презентации посветени на македонската автохтона медоносна пчела (Apis mellifera macedonica), настапија проф. д-р Алеш Грегорц, дипл. зем. инж. Игор Илков, проф. д-р Хрисула Кипријановска, доц. д-р Александар Узунов, проф. д-р Мишо Христовски, г-дин Иван Додевски, дипл. ек. Борче Павлов и доц. д-р Виктор Ѓамовски. Впечатливо беше задоволството кај присутните, особено пчеларите, а општ заклучок беше дека на македонското пчеларство му недостасуваат настани од ваков карактер.

MacBee искрено им се заблагодарува на сите кои придонесоа за успешна реализација на советувањето:студентите на ФЗНХ вклучени во реализацијата и подготовките, деканатот на ФЗНХ, членовите на организациониот одбор, научно-стручниот обор и секретаријатот на Советувањето, спонзорите, претставниците на владини институции, домашни и странски невладини организации и фондации, странски амбасади, медиумите, како и пчеларите кои со својот масовен одзив покажаа дека знаат да ценат вакви настани. MacBee се надева дека Научно-стручното советување ќе стане традиционален годишен пчеларски настан во РМ.

Фотографии:

[:]