Одржано редовно Годишно собрание на MacBee

На 24 декември 2017 година, во салата за состаноци на хотел Премиер во Скопје беше одржано редовното Годишно собрание на MacBee. На дневен ред на состанокот беа повеќе точки, кои беа дискутирани помеѓу членовите, а беа донесени и неколку Одлуки. Беа анализирани досегашните активности и тековни проекти, беше утврден буџетот за функционирање на здружението за 2018 година, прифатен беше Работниот план со зацртани активности и насоки за наредната година, од работната група за проекти беа претставени предлог проектите доставени до објавените повици за грантови и беше во завршна фаза доведена организацијата на традиционалниот настан „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“.