Одржан работен состанок на MacBee во Кавадарци

На 7 април 2019 година, на пчеларникот на членовите на MacBee, Цветанка и Горан Колеви во Витачево, Кавадарци, беше одржана работна средба на здружението MacBee. Состанокот беше искористен за разгледување, дискутирање и утврдување на повеќе активности и битни сегменти од работењето на здружението кои се најдоа на дневниот ред на средбата. Домаќините, Цветанка и Горан Колеви, ги запознаа колегите со условите за органско пчеларење на висорамнината Витачево и начинот на кои тие пчеларат. Во рамки на средбата беше реализирана и обуката за перформанс тестирање за новите членови во здружението, изведена од м-р Борче Павлов, координатор на тестирањата во MacBee. По завршувањто на обуката, на новите членови им беа предадени сетовите со опрема за перформанс тестирање. На крај од програмата, сите членови на MacBee се вклучија во акција за засадување на неколку стотици багремови садници, кои во иднина освен што ќе помогнат во раззеленување на висорамнината, ќе овозможат и паша за медоносните пчели.

[Best_Wordpress_Gallery id=”37″ gal_title=”Витачево”]