Покана за настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење“

Македонското здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) (MacBee), и годинава го организира настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење“. За разлика од досегашниот традиционален формат на одржување, оваа година средбата ќе биде реализирана како он-лајн настан. Имајќи ја во предвид економската состојба предизвикана од лошата пчеларска година и од влијанието на глобалната пандемија, а најважно, водејќи грижа за здравјето на пчеларите, овогодинешното учество на настанот ќе биде бесплатно. Но и покрај ваквото нестандардно издание, се надеваме дека богатата програма и атрактивните теми презентирани од реномирани пчеларски научни работници, а воедно и искусни практичари, ќе го задржат Вашето внимание и ќе Ви доближат дел од најновите пчеларски достигнувања во Хрватска и светот.

Главни презентери на настанот ќе бидат проф. д-р Златко Пушкадија и д-р Марин Ковачиќ, двајцата од Факултетот за агробиотехнички науки во Осиек, Хрватска.

Златко Пушкадија по матурирањето во Земјоделското средно училиште во Осиек се стекнал звањето ветеринарен техничар. Во 1989 година се запишал на Земјоделскиот факултет во Осиек, а во 1994/95 година ја одбранил дипломската работа. Во 1997 година тој се вработил на Земјоделскиот факултет, Универзитет J. Ј. Штросмаер во Осиек на позиција помлад асистент по предметот Пчеларство на Одделот за зоотехника. На 7 јуни 2001 година ја одбранил магистерската теза на Земјоделскиот факултет на Универзитетот во Загреб, насока сточарство, гранка пчеларство. На 6 мај 2005 година ја одбранил докторската дисертација и се здобил со звање доктор на науки од областа на агробиотехнички науки. Во март 2006 година се здобил со научно-наставно звање доцент, а со звањето вонреден професор се стекнал во април 2009 година.

Тој е координатор на повеќе модули и тематски единици на Земјоделскиот факултет во Осиек („Пчеларство-пракса“, „Зоологија-пчеларство“, „Пчеларство I“, „Медоносни растенија“, „Биополинација во хортикултурата“,и „Економија на пчеларството и ловот“ на додипломски студии и „Пчеларство II“ и „Еколошко пчеларство“ на постдипломски студии).

Тој е член на Советот на факултетот, член на Одборот за издавачка дејност на факултетот и член на Комитетот за мониторинг на Болоњски процес за додипломски студии на Земјоделскиот факултет во Осиек. Претседател е на Катедрата за пчеларство, зоологија и заштита на природата при Заводот за лов, риболов и пчеларство.

Член е на уредничкиот одбор на стручното списание на Хрватското здружение на пчелари „Хрватска пчела“.

Автор е и коавтор на повеќе учебници и прирачници за пчеларство. Досега има објавено околу 50 научни и стручни трудови. Учествувал во работата и организацијата на повеќе домашни и меѓународни научни и стручни конференции и бил член на многу научни комитети, раководител и модератор на секции и уредник. Пчелар е и член е на пчеларското здружение „Барања“, во кое е и член на извршниот одбор. Тој е еден од основачите на хрватското здружение за апитерапија и претседател на неговиот надзорен одбор.

Марин Ковачиќ дипломирал на Земјоделски факултет во Осиек 2012 година. Тој се вработил на истиот факултет во 2013 година како асистент на Одделот за лов, риболов и пчеларство. Истата година се запишал на постдипломски докторски студии на „Земјоделски науки“ од областа на сточарството. За време на студиите за потребите на докторатот во повеќе наврати го посетувал пчеларскиот институт во Кирхајн, Германија.

Тој активно учествувал во спроведувањето на ИПА проектот „Панонска пчела“, проектите „SmartBees“, „EurBeST“ и др.

Има одржано стручни предавања и презентации на повеќе од 20 меѓународни конференции и настани.

Како автор или коавтор, тој учествувал во објавување на повеќе научни и стручни трудови. Член е на уредничкиот одбор на стручното списание „Хрватска пчела“, меѓународните научни организации Collos и RNSBB. Од 2008 година тој е носител на семејното земјоделско стопанство „Пчеларство Ковачиќ“, кое се занимава со селекција и производство на пчелни матици.

Настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење“ ќе се одржи на 13 декември 2020 година со почеток во 18:00 часот на платформата GoToMeeting. За деталите за настанот, како и информации за пријавување на учество дознајте од флаерот-соопштение за настанот.