Покана за учество на на теоретско-практична обука и трибина на тема “АВТОХТОНАТА МАКЕДОНСКА МЕДОНОСНА ПЧЕЛА (Apis mellifera macedonica)”

[:mk]

Се известуваат одгледувачите на пчели дека во текот на месец септември во неколку градови ќе се одржат теоретско-практични обуки на темите “Имплементирање на принципите на Добрата пчеларска практика во практичното одгледување на медоносните пчели” и “Пчеларски календар”, и трибина на тема “АВТОХТОНАТА МАКЕДОНСКА МЕДОНОСНА ПЧЕЛА (Apis mellifera macedonica)”. Ова е дел од активностите на проектот “Заштита на македонската автохтона популација на медоносни пчели (Apis mellifera macedonica) во Република Македонија, кој тековно го спроведуваме. Распоредот е следен:
5 Септември Делчево
12 СептемвриГостивар
13 СептемвриВиница
19 СептемвриБитола
20 СептемвриСтрумица
22 СептемвриГевгелија
Сите заинтересирани можат да присуствуваат на обуките и трибината. Присуството е бесплатно. За подетални информации околу локациите каде ке се одржуваат настаните контактирајте ги здруженијата во погоре наведените градови.
Програмата на обуките и трибината можете да ги погледнете
овде.

[:]