Проект SMARTBEES-одржана обука за учесниците од Македонија и Албанија

[:mk]

Во рамките на активностите на проектот SMARTBEES, на 11-ти април 2015 година беше одржана обука за учесниците во проектот од Македонија и Албанија. Теоретскиот дел од обуката беше одработен во салата за состаноци во хотел Премиер во Скопје, каде координаторот на проектот за сите 12 земји учеснички, проф. д-р Александар Узунов, координаторот за Македонија дипл. ек. Борче Павлов и координаторот за Албанија проф. д-р Петрит Доби, одржаа свои презентации. Практичниот дел од обуката беше изведен на експерименталниот пчеларник на MacBee во село Мршевци.

Во глобалниот проект SMARTBEES каде учество ќе земат повеќе десетици пчелари и над 600 пчелни семејства, ќе учествуваат и дел од членовите на MacBeeсо подвидот Apis mellifera macedonica.

[:]