Протоколот на SMARTBEES достапен и на македонски јазик

[:mk]

За потребите на своите членови вклучени во проектот SMARTBEES кој е фокусиран на идентификација, одгледување и размножување на локално адаптирани медоносни пчели со најдобри перформанси, кои во исто време покажуваат особини на отпорност кон крлежот Varroa destructor, MacBee го адаптира и преведе официјалниот Протокол за тестирање на пчелни семејства на македонски јазик. Протоколот за тестирање на пчелни семејства, верзија 1.0 дело на д-р Александар Узунов, д-р Ралф Бухлер и проф. д-р Каспар Бинефилд, преведен на македонски јазик од членовите на MacBee дипл. ек. Борче Павлов и Мирољуб Голубовски е достапна на следниот линк:

http://www.smartbees-fp7.eu/resources/Publications/2016/MKD_SMARTBEES-Protocol-for-performance-testing_2015.pdf

Освен Протоколот, во тек е и преведување на сите 14 дополнителни документи за тестирање и селекција на пчелите.

protokol-macbee-printskrin

Врз основа на двегодишното искуство на тестирање на пчелни семејства од скоро сите европски подвидови на медоносни пчели, авторите на Протоколот веќе работат на верзија 2.0, значајно надоградена и подобрена. Значаен придонес кон подобрувањето дава и MacBee со искуства, сугестии и коментари за Apis mellifera macedonica.

[:]