Публикуван нов прирачник „Добри пчеларски практики за одржливо пчеларење“

Во издание на ФАО (Светската организација за храна на Обединетите Нации), ИЗСЛТ (Институтот за зоопрофилакса и експериментирање на Лацио и Тоскана), Апимондија и ЦААС (Кинеската академија за земјоделски науки), објавен е прирачникот „Добри пчеларски практики за одржливо пчеларење“. На повеќе од 200 страници, во неколку поглавја, од бројни експерти и научни работници, презентирани се информации и светски искуства од модерни концепти и добри практики за одржливо пчеларско производство. Свој придонес во содржината на прирачникот има и проф. д-р Александар Узунов од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и член на MacBee.

Прирачникот „Добри пчеларски практики за одржливо пчеларење“ е на англиски јазик и можете да го погледнете и да го симнете овде.