Пчеларско студиско патување на MacBee во Словенија и Германија

[:mk]

Како дел од планираните активности на MacBee, oд 15-20 септември 2014 година, членовите на здружението ќе организираат студиска екскурзија во Словенија и Германија. На агендата на пчеларската екскурзија ќе биде посета на пчеларски институти во двете земји, посета на модерни пчеларски продавници, посета на дел од тамошните тест и комерцијални пчеларници, средби со реномирани пчелари, научници и претставници на здруженија, како и средба на која треба да се официјализира нова проектна активност на MacBee. На ова студиско патување ќе учествуваат 14 членови на MacBee.

[:]