Работен состанок на MacBee на пчеларник во с. Живиње

На 22 октомври 2017 година, во село Живиње, на пчеларникот на членот на MacBee Борче Павлов, беше одржан работен состанок. На средбата Павлов ги запозна своите колеги со условите за пчеларење во тој регион, со типот на сандаци со кои пчелари, објасни и дел од техниките на пчеларење кои тој ги применува и покажа дел од опремата за отпечатување на рамките со мед, центрифугирање, пакување и декристализација на медот.

На состанокот беа разгледани и повеќе прашања поврзани со тековните активности на здружението, а најголем акцент беше ставен на обврските кои произлегуваат од проектот SMARTBEES.

Во неофицијалниот дел на средбата, членовите на здружението можеа да пробаат локална храна, а домаќинот овозможи и дегустација на мед добиен од тоа поднебје.

[Best_Wordpress_Gallery id=”9″ gal_title=”Живиње”]