Работна средба на членови на MacBee со претставници на Slow Food Macedonia

[:mk]

На 12.04.2014 година во Кавадарци, претседателот на MacBee, Игор Илков, потпретседателот Мирољуб Голубовски и секретарот на здружението Горан Алексовски, се состанаа со претседателот на SlowFood Macedonia, Николче Николовски и проект координаторот во организацијата, Емилија Неделковска. Беше истакнато обостраното задоволство од заедничката соработката, како и од професионалниот однос и пристап на двете организации. На средбата, детално беше разгледан Планот за развој на MacBee президиумот и беше дискутирано за подготовките, реализација на заедничките активности, нивниот тек и нивна меѓународна промоција на повеќе интернационални собири, саеми и манифестации, што го прави овој проект значаен не само за здружението, туку и за целата држава.

[:]