На 16.04.2022 година, на експерименталниот пчеларник на MacBee во Негорци, Гевгелија, во организација и поддршка од страна на членот Игор Илков, беше реализирана работна средба на членовите на здружението MacBee. На состанокот, кој после подолго време беше реализиран „лице в лице“, беа разгледани и дискутирани повеќе точки поврзани со Програмата за работа на здружението за 2022 година. Беше дистрибуиран и разгледан новиот Прирачник со методи за перформанс тестирање, изработен во рамки на проектот EurBeST, а по кој во иднина ќе се изведуваат тестирањата и мерењата и во рамки на MacBee, се дискутираше и за новата онлајн платформа за внесување на податоците од мерењата, беа разгледани неколку можности за реализација на студиски екскурзии и др. Работниот состанок беше искористен и за реализирање на обука за перформанс тестирањата за новозачленетите колеги.