Успешна година за студентот на ФЗНХ и член на MacBee, Мирољуб Голубовски

[:mk]

Мирољуб Голубовски, студент на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје и член на MacBee,забележа низа успеси на натпреварите и симпозиумите на кои настапи оваа година.

Во април годинава, на настанот „Агрономијада“ одржан на Златар Планина, Србија, со трудот со наслов „Влијание на квалитетот на конзумираната зимска прихрана врз преживувањето на пчелите работнички во лабораториски услови“, под менторство на доц. д-р Александар Узунов, го освои првото место во областа сточарство.

На 9-та меѓународна смотра на научни трудови на студенти по агрономија, одржана од 26-28 август 2015 година во Чачак, Србија, со трудот насловен како „Индекс на презимување кај популацијата на македонската медоносна пчела (Apis mellifera macedonica)“, под менторство на доц. д-р Александар Узунов, освои 3-то место во конкуренција на 18 научни трудови во секцијата основни студии.

На 6-ти Интернационален научен симпозиум за агрономија „Агросим 2015“ одржан од 15-18 октомври 2015 год. во Јахорина, БиХ, со трудот „Одредување на подвидова чистота на Apis mellifera macedonica преку морфолошка анализа на обојувањето на абдоминалните прстени на територија на Република Македонија“, имаше впечатлив настап и беше дел од 700 излагачи на научни трудови од вкупно 72 држави.

[:]