На 19 Октомври 2018 година, во просториите на Институтот за пчеларство во Хохен Нојндорф, Германија, се одржа еднодневен семинар за учесниците во проектот SMARTBEES. На семинарот, претходно формираната работна група го презентираше предлог статутот на идната „Меѓународна мрежа за селекција и заштита на медоносните пчели“. Следеше опсежна дискусија за да се дојде до конечната форма на статутот, по што од учесниците е потпишан Конститутивниот акт за официјално регистрирање на организацијата, со седиште во Белгија. „Меѓународната мрежа за селекција и заштита на медоносните пчели“ претставува чадор-организација која ќе ги обединува локалните организации на одгледувачи – селекционери на медоносните пчели од цел свет, чија основна цел е да помага во генетското подобрување на локалните медоносни пчели и заштитата на автохтоните и локалните подвидови на медоносни пчели. Покрај ова се дискутираше и за идните активности на организацијата, избран е Управен одбор составен од 6 члена, Претседател, Секретар и Благајник на организацијата, како и Советодавен одбор составен од релевантни научници во областа на делувањето на Организацијата.
MacBee преку својот официјален претставник М-р Борче Павлов учествуваше на основачкото собрание и претставува една од организациите основачи на оваа меѓународна Организација.
Ова се основачите на Организацијата:
- Dr. Raffaele Dall’Olio,University of Udine, italy (избран во Управен одбор)
- Dr. Beata Panasiuk, Res.Institute of Horticulture, Apiculture Division,Pulawy, Poland
- Dr. Małgorzata Bieńkowska, Res. Institute of Horticulture, Apiculture Division, Pulawy, Poland
- Dr. Fani Hatjina, Division of Apiculture- HAO-API, Nea Moudania, Greece (Советодавен одбор)
- MSc. Borche Pavlov, MacBee association, Negortsi, Macedonia
- Dr. Dirk de Graaf, Ghent University, Krijgslaan, Belgium
- Dr. Aleksandar Uzunov, Bee institute in Kirchhain, Germany and Faculty of Agricultural Sciences and Food, Skopje, Macedonia (Советодавен одбор)
- Dr. Ralph Büchler, Bee institute in Kirchhain, Germany (Советодавен одбор)
- Dr. Andone Estonba, University of the Basque Country, Bilbao, Spain
- Dylan Elen, org, Neerpelt, Belgium (избран во Управен одбор и Секретар)
- Dr. Bjørn Dahle, Norwegian Beekeepers Association, Kløfta, Norway (избран во Управен одбор)
- Egoitz Galartza, ERBEL Association, Arbeiza, Spain (избран во Управен одбор)
- Dr. Adrian Siceanu, Institutul de Cercetare Dezvoltare pentru Apicultura, Bucharest, Romania
- Dr. Marica Maja Drazikj, Croatian Agricultural Agency, Zagreb, Croatia (избран во Управен одбор и Благајник)
- Rikke Vingborg, Eurofins, Aarhus, Denmark
- Dr. Janja Filipi, University of Zadar, Croatia
- Thomas Galea, Malta Beekeepers Association, Mosta, Malta
- Dr. Peter Kozmus, SBA Lukovica, Slovenia (Советодавен одбор)
- Tomas Balciunas, Lithuanian beekeeper, Vilnius, Lithuania
- Dr. Per Kryger, Aarhus University, Slagelse, Denmark
- Dr. Cecilia Costa, CREA, Bologna, Italy (избрана во Управен одбор и Претседател)
- Dr. Andreas Hoppe, Länderinstitut für Bienenkunde, Hohen Neuendorf, Germany (Советодавен одбор)