Фотогалерија од посетата на „Апимондија 2017“ во Истанбул

Членовите на MacBee имаа можност да го посетат 45-от Меѓународен пчеларски конгрес-„Апимондија 2017“ кој беше одржан од 29-ти септември до 4-ти октомври во Истанбул, Турција. Во Конгресниот центар на Истанбул, на 16000 метри квадратни, каде што се одржуваше манифестација, на саемскиот дел можеа да се видат сите најнови достигнувања од светот на пчеларството, додека во конференцискиот дел беа презентирани најновите научни сознанија и трудови од бројни светски научни работници.

Членовите на MacBee посетата ја искористија и да набават пчеларска опрема од врвни пчеларски компании и производители, разменија искуства и остварија контакти со други пчелари и познати пчеларски експерти, а имаа и прилика да дегустираат мед и пчелни производи од различни делови на светот.

Фотогалерија:

[Best_Wordpress_Gallery id=”10″ gal_title=”Апимондија 2017″]