Фоторепортажа од посетата на експерименталниот пчеларник на MacBee во с. Рудник

[:mk]

На 19-ти март 2016 година, членовите на MacBee одржаа работна средба на тестниот пчеларник во село Рудник, Велешко. На дневен ред на состанокот се најдоа повеќе точки поврзани со работата и активностите на здружението. На крај од дневниот ред, по барање на повеќемина членови, низ дискусија и практични примери беше објаснета примената на снелгровата даска и начините на кои таа се користи при пчеларењето. Во неформалниот дел од средбата, домаќинот Иван Додевски ги запозна колегите со природните убавини и пашните услови со кои располага селото Рудник.

Фотогалерија:

[Best_Wordpress_Gallery id=”6″ gal_title=”Состанок во с. Рудник”][:]