Фото репортажа од посетата на четвртиот меѓународен пчеларски саем “Далматина 2013” одржан во Сплит, Хрватска

[:mk]

Членови на MacBee го посетија четвртиот меѓународен пчеларски саем Далматина 2013 одржан од 16 до 17 ноември 2013 година во Сплит. На саемот, на околу 60 штандови се претставија производители на пчеларска опрема и прибор од Хрватска и регионот, како и хрватските пчелари со своите технолошки и производствени достигнувања во пчеларството. Во стручно-едукативниот дел од саемот, презентации за пчеларите-посетители на манифестацијата имаа повеќе стручни предавачи од регионот. Своја презентација имаше и Доц. Д-р Александар Узунов од Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје.

[:]