Фото репортажа од посетата на MacBee пчеларникот во Босилово

[:mk]

На 06.04.2014 година, членовите на MacBee го посетија експерименталниот пчеларник во с. Хамзали, општина Босилово. Посетата беше искористена за да се утврди состојбата со експерименталните пчелни семејства на овој пчеларник, а домаќинот и член на MacBee, Ѓорѓи Андонов ги запозна своите колеги со условите и методите на пчеларење карактеристични за овој регион.

Средбата имаше и работен дел, во кој беа донесени Планот и Програмата за тестирање на пчелните семејства на MacBee за 2014/2015 год. и беа презентирани резултатите од истражувањето направено на островот Голем Град.

[:]