Фото репортажа од средбата на MacBee групата во Битола

[:mk]

На 26.10.2013 година, членовите на MacBee одржаа работна средба во Битола. На средбата беа разгледани и потпишани одредени акти на здружението, се разгледуваа барањата за прием на нови членови и се утврдуваше моменталната состојба на проектните активности на здружението. Посетата на овој град беше искористена и за разгледување на манифестацијатаДенови на македонското пчеларство-Битола 2013” на која беа остварени повеќе средби со колегите пчелари учесници на овој настан. Беше реализирана и посета на еден од експерименталните пчеларници на MacBee во Дихово, а во улога на домаќини беа членовите на здружението од овој крај, Дичо Димковски и Нацо Јовчевски

[:]