Членовите на MacBee во организирана посета на пчеларскиот саем во Каменово

Членовите на MacBee организирано го посетија пчеларскиот настан XXVII Денови на Млавско Хомољските пчелари, Каменово 2018, одржан од 31.03 до 1.04 2018 година во Каменово, Р. Србија. На настанот кој важи за еден од најголемите пчеларски случувања во регионот, членовите на MacBee имаа можност да погледнат современа пчеларска опрема и пчеларски алатки, поразговараа со производителите на истите и се дружеа и разменија искуства со повеќе пчелари посетители на настанот. Во едукативниот дел на саемот имаа можност да погледнат презентации презентирани од врвните пчелари д-р Родољуб Живадиновиќ и Ѓоко Зечевиќ.

Фотогалерија:

[Best_Wordpress_Gallery id=”25″ gal_title=”Каменово 2018″]