Членови на MacBee гости во ТВ емисијата „Јади бурек“

Претседателот на MacBee дипл. зем. инж. Горан Алексовски и членот на Управниот одбор Иван Додевски на 2-ри април 2019 година, беа гости во ТВ емисијата „Јади бурек“ емитувана на ТВ Сонце. Гостувањето беше добра можност да се претстави пчеларството како можност за професионална определба и занимање, беа претставени пчелните производи, се разговараше за повеќе теми кои ги опфаќаат пчеларењето, животот на пчелите, причините за исчезнување на пчелите, македонската автохтона медоносна пчела и др. Домаќинот на емисијата, задоволен од дискусијата, ги покани соговорниците на повторна дружба за кус период.

Видеото од емисијата можете да го погледнете подолу