Членот на MacBee Борче Павлов се стекна со титулата магистер

На 30 јануари 2018 година, на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, членот на MacBee Борче Павлов јавно го одбрани својот магистарски труд и се стекна со титулата магистер по пчеларство. Презентацијата на трудот со наслов „Производство на матичен млеч во услови на ограничен прилив на природна храна за пчелните семејства“ предизвика воодушевување кај присутниот аудиториум, а одлуката на комисијата магистерскиот труд да биде позитивно оценет беше поздравена со громогласен аплауз.

MacBee му честита на м-р Борче Павлов за успехот, со желби за понатамошно унапредување на знаењето и долгогодишна успешна заедничка соработка.

DSCN0371

DSCN0372