Член на MacBee со свој труд на Студентската смотра на научни трудови

[:mk]

На 6-та по ред Студентска смотра на научни трудови во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје и Студентскиот парамент на ФЗНХ, одржана на 15.12.2014 година во просториите на факултетот, својот научен труд го презентираше Мирољуб Голубовски, член на MacBee и студент на ФЗНХ. Голубовски го претстави трудот „Влијание на квалитетот на консумираната зимска прихрана врз пчелите работнички во лабораториски услови“, работен заедно со колегите Мирослав Тасевски и Кристијан Христовски, а под менторство на Доц. Д-р Александар Узунов.

[:]