[:mk]
На 29-ти април 2015 година координаторот на Slow Food за Балкан, г-дин Микеле Румиц и националниот координатор на Slow Food Macedonia, г-дин Николче Николовски, одржаа работен состанок со членовите на здружението MacBee. Г-дин Румиц беше детално запознаен со ресурсите со кои располага здружението во насока на промовирање на президиумот. Низ разговор со членовите и производителите на пчелни производи на традиционални начини и техники, му беа претставени реализираните, тековните и идните проекти, начинот на организирање, целите и идните чекори. Г-дин Румиц го посети и пчеларникот во с. Мршевци каде веќе се одгледуваат пчели и се произведуваат пчелни производи на традиционален начин.
Тимот на Slow Food задоволен од пристапот, професионалноста и ентузијазмот на членовите на здружението, најави можно промовирање на президиумот на MacBee веќе во септември оваа година.
Фотографии од посетата погледнете во[:]