[:mk]
На 20-ти декември 2015 година, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, беше одржан настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење“ во организација на MacBee.
Главниот настан на овој собир беше презентацијата на проф. д-р Никола Кезиќ, посветена на болестите на пчелите и практичното пчеларство. Во присуство на повеќе од 100 посетители, проф. д-р Кезиќ ги презентираше најновите информации поврзани со ноземозата, азискиот стршлен и малата кошничка бубачка, како и начините и механизмите со кои пчеларите и надлежните власти ги превенираат и се справуваат со овие болести и штетници.
На посетителите им беше презентирано досегашното работење и идните активности на здружението MacBee, претставник на Слоу Фуд Македонија го претстави искуството на Слоу Фуд со пчеларството, а своја комерцијална презентација имаше и компанијата за пчеларска опрема и репроматеријали Ми – Ва мед, која пред пчеларите ја претстави палетата на производи со која располага.
Пред почетокот на настанот, на медниот бар организиран од Слоу Фуд Македонија, гостите можеа да вкусат повеќе видови на мед со потекло од различни делови на светот.
[Best_Wordpress_Gallery id=”5″ gal_title=”Пчеларски ден”][:]